Научници од Санкт Петербург и од Цирих имаат намета да кренат на нозе многу парализирани луѓе за сметка на електростимулацијата и на најновите импланти. Тие веќе го испитале новиот метод на глувци и го решаваат прашањето за почеток на првите тестирања на луѓе со ограничени можности.
„Идејата за употреба на електростимулација се појави за време на повеќегодишните експерименти“, вели за „Руска реч на македонски“ Павел Мусиенко, еден од изумителите на методот од Институтот за транслациска биомедеицина при Санктпетербуршкиот државен универзитет. „Претходно електростимулацијата се применуваше во тонски режим, односно непрекинато се стимулираа една или две зони на 'рбетниот мозок“.
Според него, во експериментите со заморчињата научниците разработиле електродни матрици, нови технологии за имплантација и алгоритам за наизменична стимулација на разни зони од 'рбетниот мозок во зависност од задачата и од состојбата на 'рбетниот столб“.
Групата за експеримент под раководство на швајцарскиот научник Грегуар Куртин создаде оригинален алгоритам за стимулација на нервните влакна. Имено, тие ја враќаат слободата на движењето на парализираните лабораториски глувци. Научниците откриле дека дури и при најтешките повреди некои нервни завршетоци сепак остануваат недопрени.
Тие ги „програмирале“ недопрените невронски врски во 'рбетниот мозог на нови задачи. Ова се однесува на обновување на изгубената подвижност. Електростимулациката на овие неврони и специјалниот тренин на „егзоскелетот“ кој е измислен за овие цели дале позитивни реултати, глувците речиси целосно си ја повратиле својата подвижност.
„Принцпипот на работа е следен: доколку е нарушена функцијата за наведнување на 'рбетот, може да се дејствува на зоиата која ги контролира тие мускули. Исто така можно е да се обноват зоните што се одговорни за ваквите мускили. Методот функционира, но, според мене, рано е да се зборува за негово тестирање на луѓе“, вели за „Руска реч на македонски“ Мусиенко. Според него, методот ќе треба да се тестира на поголеми животни, како што се мачки, а можеби и на мајмуни.
Пречка за обновувањето е времето. Методот не функционира доколку од моментот кога човекот бил парализиран минале години или во случај на делумна парализа. Но, тој мже да се примени за лекување во рана етапа. Посебните електростимулирачки „матрици“, односно имплантите врз основа на клетките овозможуваат во процесот на обновување да „се приклучат“ неповредените нервни клетки и синџири.
„Кога ќе започне тестирањето на други животни е неизвесно. Тоа зависи од финансирањето и од екипата. Неврофизиолози, неврохирурзи, инженери и други специјалисто е исто така неопходен услов за успешно тестирање на технологијата, исто како и инвестициите“, појаснува Мусиенко.
Засега руските и швајцарските научници од Русија продолжуваат да го истражуваат механизмот на обновување на 'рбетниот мозок со помош на електростимулација. Сега тие разработуваат метод за обновување за луѓе со делумна парализа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче