Руските научници развија импланти од полиетилен

Лаборантка во лабораторијата за истражување на неоргански наноцевчиња и графени на Националниот истражувачки технолошки универзитет МИСиС.

Лаборантка во лабораторијата за истражување на неоргански наноцевчиња и графени на Националниот истражувачки технолошки универзитет МИСиС.

Артјом Геодакјан / ТАСС
Имплантите од посебен полиетилен што го развија научниците го имитираат коскеното ткиво. Тие се прифаќаат лесно од телото на пациентот благодарение на тоа што садовите и ткивата во нив зараснуваат побрзо.

Група научници од Националниот истражувачки технолошки универзитет развија импланти, кои ја имитираат структурата на коскените ткива. Тие ќе можат да заменуваат дефекти во рамните коски - лопатката, черепот и карличните ткива, како и да ги пополнуваат оние области каде што отсуствува коскеното ткиво како последица на повреда или на онколошки заболувања.

Имплантите се направени од ултрависокомолекуларен полиетилен - биокомпактен материјал кој сега се користи активно во медицината. Она по што се разликуваат новите импланти од досегашните е фактот дека се состојат од два слоја. Како и во органското коскено ткиво, тврдиот слој е максимално траен и отпорен на надворешни влијанија. А, во лесниот порозен слој зараснуваат садовите и ткивата, што му овозможува на имплантот брзо да се прилагодува на телото на пациентот.

Полиетиленски коски

„Повеќето од аналозите се состојат само од порозен слој, други само од густ. Тоа не дозволува да се реализира во целосен степен функционалноста на имплантот - објаснува еден од конструкторите, кандидатот на физичко-математичките науки Фјодор Сенатов. - Слични по својата структура, порозните импланти се прават или од керамика или од полимери. Но, повеќето од употребените технолошки пристапи не дозволуваат да се формира истовремено и порозна и пластична структура, отпорна на појавата на пукнатини. Во тоа се состои предноста на нашата конструкција“.

Ултрависокомолекуларниот пластичен полиетилен му овозможува на хирургот да ги обработува и да ги засекува коскените импланти за време на операцијата. „Тој може да се стави, доколку на пример оштетувањето на коскеното ткиво е комплексно и за време на магнетно-резонантната томографија не може точно да се види и да се утврди - објаснува Сенатов. - Затоа наместо да се засекува коската подобро е да се засече имплантот, а коската да биде зачувана максимално“.

Покрај тоа, надворешниот тврд слој на конструкцијата е натопен со антибиотици, што го спречува развојот на инфекции по операцијата. Во внатрешниот порозен слој е засеан со клетки од коскената срцевина на пациентот, што го забрзува спојувањето на имплантот со ткивата на организмот.

Имплант без компликации

„Иновативните својства на овој систем дозволуваат да се намали количеството на гнојносептички постоперативни компликации. На овој начин значително се намалува периодот на рехабилитација“, вели докторот на медицинските науки Михаил Киселевски, еден од конструкторите.

Разработката на руските научници веќе успешно ги помина ред претклинички испитувања, особено имплантот успешно се користи при дефект во коските на лабораториски глувци и стаорци. Клиничките испитувања ќе започнат дури по завршување на целосниот циклус на претклиничките и можат да траат пет години.

За завршување на клиничките испитувања „Државниот фабрика за медицински препарати“ планира да пушти пробна серија импланти кои бесплатно ќе ги добијат ветеринарните клиники.

Научниците веќе поднеле неколку барања за руски патент и се надеваат да добијат и меѓународен. На почетокот имплантите ќе се појават на рускиот пазар, каде што има голема побарувачка, - во Русија се прават околу 60.000 операции годишно за замена на неисправни рамни коски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња