Сергеј Рубинштејн е женет одамна и среќно и ја воспитува својата 17-годишна ќерка. На крајот на 2007 година тој се здобива со повреда на грбот, која го лишува од можноста да оди. Саканата сопруга го поддржувала сиве овие години.
„Денес семејството ни стана посилно благодарение на тајната на венчавката“, вели Рубенштејн.
Тој е еден од дваесетте „пилоти“ кои учествуваа во тестирањето на првиот руски егзоскелет.
Уредот им помага на луѓето со нарушувања на моторните функции на долните екстремитети да се движат. Во иднина компанијата „ЕкзоАтлет“ (ExoAtlet), инвеститорот на егзоскелет, планира да излезе на пазарите во САД, во Европа и во Јужна Кореја.
„Моето семејство секогаш ми помага заедно да ги надминеме сите тешкотии. Се надевам дека со помош на современите средства за рехабилитација во вертикална положба ќе можам да одам со сопругата и со ќерката во кафуле или да се прошетаме по кејот“, вели Рубенштејн.
Веќе 38 медицински центри и над 20 приватни пациенти поднеле барања за купување на егзоскелет. Самата разработка трае повеќе од две години. Првично егзоскелетот се правеше за потребите на Министерството за вонредни ситуации, за да им помага на спасувачите при расчистувањето на урнатини и при гасење на пожари. Подоцна, сепак, програмерите одлучија дека главниот пазар се луѓето со ограничени можности.
Press photo
Во продажба ќе бидат пуштени две верзии на уредот. Тие се разликуваат во цената, комплетирање и програмската поддршка. Првата опција, кој е за индивидуално користење, ќе се продава по цена над 23.000 американски долари. Опцијата за клиники е во вредност од околу 55.000 американски долари и е универзална: освен должината на потколеницата и на бутовите, големината на корсетот и карлицата, кај него се регулираат и брзината, должината и висината на чекорот.
Со помош на „ЕкзоАтлета“ пациентите добиваат можност да пешачат, да се подигнат и да слегуваат по скали, да седат и да стануваат без помош од некој друг. Егзоскелетот им овозможува на пациентите со раст од 160 до 190 сантиметри и со тежина не поголема од 100 килограми за само шест месеци по повредата да тренираат со уредот.
Press photo
А, самиот уред има три брзини и три начини на движење, осум различни траектории на движењето и може да работи во самостоен режим не помалку од 4 часа. Егзоскелетот се управува со помош на апликација или на посебна „паметна патерица“.
„Тежи 20 килограми, но воопшто не ме оптоварува“, вели Сергеј Шмаков, корисник на егзоскелет. „Напредок навистина има. Претходно не можев да се справам со патериците, но само по две недели станав на нив со помош на ЕкзоАтлета“.
Сега клинички испитувања се прават во Москва, Екатеринбург, Архангељск и во Новосибирск. Тука се создаваат и центри за стекнување на вештини каде луѓето учат да го користат ЕкзоАтлета пред да одлучат да го купат. Оваа година програмерите сакаат да организираат 10 вакви центари.
„Порастот на побарувачката и проширувањето на производството уште повеќе ќе ја намалат цената на уредот и ќе го направат подостапен за физичките лица“, вели Светлана Чупшева, директор на одделот „Социјални проекти“ во Агенцијата за стратешки истражувања (АСИ).
Наесен компанијата планира да започне да развива егзоскелет за деца со церебрална парализа, а исто така и за луѓето кои имале мозочен удар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче