Повикувајќи се на претставници на Обединетата машинска корпорација „Ростех“, руските медиуми јавуваат дека се спроведени испитувања на радиоелектронско оружје кое нема аналог во светот.
Засега примероците на најновото оружје се под знакот „топ сикрет“ и се видени само од високата воена команда на РФ во текот на затворените настани на меѓународните воено-технички форуми „Армија-2016“ и „АрмХајтек-2016“.
Од корпорацијата „Ростех“ си дозволија само делумно да се фрли светлина на можностите на новиот образец. Како што изјави за „Руска реч на македонски“ портпаролот на компанијата Леонид Хозин, новото оружје претставува електронска опрема која работи на бранов принцип. „Тоа ја прекинува работата на електрониката и на друга опрема за авиони, беспилотни летала и прецизни оружја на противникот. Тоа е копнена техника. При тоа, таа може да издржи на копнени, поморски и воздухопловни средства за напад“, рече Хозин.
Тој истакна дека приборот „удира“ во радиус од километри, но од компанијата одбиваат дополнителни коментари - државна тајна.
Според зборовите на воениот аналитичар на изданието Газета.ру Михаил Ходоренко слични комплекси се користат во војските за радиоелектронска борба (РЕБ). А, можноста за оддалечено „исклучување на ракетата“, уште пред нејзиниот употреба, е еден од решавачките фактори за победа во современата војна.
„Борбената електроника е способна да ја добие војната уште пред таа „официјално“ да е започната. Доволно е да се вклучи системот за електронското попречување на системите за насочување, управување, локација и врски на противникот и ниту една борбена единица нема да се помести од своето место, нема да може да реагира на оган, а тоа значи дека ќе биде уништена во првите минути од борбата“, истакнува експертот.
Во воените кругови, не само во Русија, туку и во други земји, не е прифатено на гласно да се зборува за таков вид војска - во армијата тие се водат во својство на единици за врски.
Причината за ова е што тие треба да водат активности далеку од очите на противникот.
Системите за радиоелектронска борба се користат не само во својство на средство за „напад“, но и за да ги направат војниците „невидливи“ за ракетите и авионите на противникот за време на воените дејствија.
На пример борбените хеликоптери Ка-52, кои го имаа своето прво „огнено крштевање“ на небото над Сирија, беа опремени со комплексите за индивидуална заштита „Витебск“ и „Президент“.
„Тие создаваат пречки за ракетите со оптички и инфрацрвени самонасочувачки боеви глави, создаваат своевидни електронски „стапици“ во дијапазонот на пречки, а исто така го информираат пилотот за приближување на ракета на противникот. Во зависност од типот боев полнеж тие можат да отстапат од траекторијата на летот кон целта“, изјави за „Руска реч на македонски“ главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски.
Можностите на интегрираните во роторот системи за РЕБ можат да бидат демонстрирани на нивните сродни радарски комплекси за заштита од проектили со термичко насочување.
Инцидентот е забележан на периферијата на Алепо од страна на борците на „Фронтот за вистина и развој“, поддржани од САД, а кои се дел од умерената опозиција. Антивладините сили отворија оган врз сириски воено-транспортен хеликоптер Ми-17 од преносливиот ракетни комплекс „Игла-1“.
На кадрите јасно се гледа што прави електрониката.
Според зборовите на Мураховски околу авиобазата Хмејмим исто така се распоредени комплекси за РЕБ „Красуха-4“ за спречување „прислушување“ и системи за насочување на оружјето на противникот. Комплексот ги „покрива“ сите противнички системи за позиционирање и тие престануваат да гледаат цели на оддалеченост од 250 километри.
„Традиционално РЕБ во Русија е добро развиена. Нејзиниот клучен проблем е „елементната база“. Општо познато е дека ние не можеме да произведуваме најдобри високотехнолошки детали по меѓународните стандарди. Но, за работите кои се однесуваат на електрониката за РЕБ, таму е сè во ред“, истакна експертот.
Според зборовите на експертите до 2020 година технолошкиот парк на РЕБ ќе биде 70% опремен со најновите модели на техниката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче