Во Русија е создаден систем за контрола на воздушниот простор „Рубеж“, која во голема мера ги проширува можностите за противвоздушна и за противракетна одбрана на Руската Федерација.
Разработката на сестринската фирма на „Ростех“ овозможува да бидат откривани летачки објекти во електромагнетните полиња на кулите на мобилните оператори, кои се распоредени на целата територија на Русија.
Како што уверуваат конструкторите, мрежата на мобилните оператори ќе помогне од радарите да бидат детектирани голем број тешкопристапни објекти – непријателски крстосувачки проектили, како и мали авиони.
Мобилната мрежа образува електромагнетно поле преку постојана размена на сигнали помеѓу ќелија кули, предаватели и репетитори.
Кога во таква област ќе навлезе метален објект „приемникот“ на централата моментално фиксира измена во полето и благодарение на „Рубеж“ координатите на објектот може да бидат предадени во „базата“.
Разработката на научниците може да ја определи класата на објектот (дали е ракета, авион, хеликоптер или нешто друго), а потоа раководството на командните центри за управување со ракетен комплекси на Воздушно-космичките сили одлучува како треба да се дејствува.
На територијата на Русија работат повеќе од 250.000 комуникациски кули за мобилни телефони, а нивниот број се зголемува со секоја измината година. Според програмерите тоа ќе им овозможи да се формира област што ќе работи 24 часа на различни фреквенции и да пренесува податоци во автоматски режим.
Како што уверуваат конструкторите, „Рубеж“ нема да биде лоциран на станиците на мобилните операторите, ами во пунктовите за управување со системите за ПВО, што значи дека мобилните оператори нема да имаат финансиски загуби доколку земат учество.
Според уредникот на порталот Comnews Леонид Коник тоа е многу ризичен проект од низа причини.
Прво, радиусот на дејство на мобилната станицата варира само од 3 до 30 километри во зависност од обемот и густината на зградите наоколу.
Второ, мобилните оператори ги ориентираат своите станици според секторите за радиопренос и не е задолжително летовите на ракетите или авионите на противникот да минуваат во областа на дејствување на комуникациските кули.
Главното е дека опремата за мобилни оператори се произведува целосно во странство. И како што вели Коник, дури и теоретската дискусија за негово користење за одбрана на земјата би требало да отпадне сама по себе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче