Село Софрино. Единица за противракетна одбрана (ПРО). На снимката: антиракета за блиско атмосферско пресретнување 53Т6 на ПРО системот А-135.
PhotoXPressРуските единици на воздушно-космичката одбрана ќе добијат нова противвоздушна ракета-пресретнувач со далечен дострел. Ова кон крајот на август го изјави заменик-командантот на воздушно-космичките единици, генерал-лајтнат Виктор Гумени. „Тоа ќе им овозможи на единиците за противвоздушна и противавионска одбрана во предвидениот рок да ја исполнат задачата што ќе им ја постават врховните команданти и министерот за одбрана“ изјави тој во емисија на радиостаницата „Руска служба за вести“.
Новата ракета со далечен дострел за првпат беше спомената во јавноста кон крајот на 2015 година по нејзиното успешно тестирање. Нејзината слика во мобилен силос за лансирање се појави на календарот на концернот за ПВО „Алмаз-Антеј“.
Оваа руска ракета е строго чувана државна тајна. Не се споменува дури ни точниот назив на моделот. Од отворените извори може да се сфати само дека станува збор за проект кон нема свој аналог во светот.
Нејзината електроника се разликува од електрониката на останатите руски проекти, а моторот, според замислата на конструкторот, треба да ѝ обезбеди поголема брзина од која било ракета што ја поседуваат другите воени сили во светот. Според воената команда, станува збор за ракета со голем дострел. Ова може да значи дека во нејзин дострел ќе биде целиот близок космос.
Русија пред 40 години започна да произведува противвоздушни ракети кои можат да се спротивстават на непријателските балистички ракети и сателити. Уште тогаш конструкторите беа чекор пред своето време и претпоставија дека опасноста од нуклеарниот потенцијал на веројатниот противник може во целост да се неутрализира со ракетен штит. Со намера да се спречи дури и можност за нарушување на нуклеарниот паритет помеѓу двете сусперсили, СССР и САД во 1972 година потпишаа договор со кој се ограничуваат можностите за создавање национални системи за противракетна одбрана. Нивно поставување е дозволено само во ограничен географски регион. Советскиот сојуз со нуклеарен „чадор“ ја покри Москва.
Главна ракета во тој штит беше моделот 53Т6, или според квалификацијата на НАТО „Газела“. Функционираше на истиот принцип како и американските ракети, односно беше долга неколку метри, имаше нуклеарна боева глава и користеше цврсто гориво. Но, советскиот модел сепак беше вистински уникат зашто ракетата тешка 10 тони имаше моќен мотор со чија помош за 5 секунди се подигаше на височина од 30 километри. Нуклеарната боева глава со сила од 10 килотони експлодираше во стратосферата и погодуваше боеви делови на непријателските балистички ракети. И, што е уште поважно, конструирана е да има голем потенцијал за понатамошна модернизација. На тоа се работеше и во советско време и во постсоветскиот период, така што денес ракетата 53Т6 е фатална за сателитите во ниската орбита, вклучувајќи ги и оние што обезбедуваат глобална навигација.
Сепак, кога станува збор за уништувањето на сателитите оваа ракета не е најефикасно оружје. Имено, во многу ситуации можат да бидат ефикасни средствата кои не ги уништуваат објектите, ами кои само ги онеспособуваат. Во ваквите средства спаѓаат надземните инструменти за придушување на сигналот. Тоа се метални конструкции на автомобилска шасија со електроника која е фатална за сателитите. Рускиот Систем за радиоелектронска борба кој е наменет за спротивставување на сателитските системи на ниската тркалезна орбита има посебни антени, односно на специјален начин монтирани предаватели. Тие ја погодуваат мрежата на нискоорбиталните сателити директно во нивната „Ахилова пета“. Доколку системот успее да задуши само неколку слаби сигнали, со тоа ја онеспособува целата мрежа сателити.
Најновите тестирања покажаа дека овој проект на Московскиот научноистражувачки радиотехнички институт е поефикасен одошто очекуваа неговите креатори. Доколку овој систем биде поставен на рускиот Арктик, би можел да го „затвори“ космосот над поголем дел од северната полутопка. Во секој случај, борбата за космосот влегува во активна фаза и изискува посовршени технички иновации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче