4 факти за новиот рели-тим со камиони КАМАЗ-мастер

www.kamazmaster.ru
Русија можеби не ги произведува најдобрите автомобили, но има одлични камиони. И ако мислите дека камионите се здодевни, едноставно не сте гледале рели во кое екипите се натпреваруваат со нив. Што може да се види на новиот камион КАМАЗ, кој првпат ќе се тестира во борбени услови на релито „Патот на свилата“?

Од Црвениот плоштад во Москва на 8 јули започна шестото издание на престижниот меѓународен рели-маратон „Патот на свилата“, во која учествуваат водечки натпреварувачи од целиот свет.

Едни од хедлајнерите на трката на маршрутата Москва-Пекинг се членовите на руската екипа КАМАЗ-мастер. Во текот на долги години тие ја докажуваа својата класа на релито „Дакар“. Пред „Патот на свилата“ екипажот го претстави новиот камион со капак (сите претходни верзии на КАМАЗ немаа хауба - заб. ред.), кој според инженерите од компанијата е иднината на руските рели-трки.

Press photoPress photo

1. Машина во црно

Новиот камион КАМАЗ може да се препознае лесно по необичната боја. Наместо традиционалната светла боја поради која рускиот тим го нарекуваат „сината армада“, новата машина е изработена во монохроматски црн „смокинг“. Инженерите планираат да го „преоблечат“ КАМАЗ во неговата нова облека пред јануарското рели „Дакар“, кога ќе бидат направени сите потребни тестови. Првото искушение во борбени услови на машината е на „Патот на свилата“: новата машина ја пилотира шампионот од „Дакар 2013“ Едуард Николаев.

2. Поудобен од кога и да е

Иако комфорот (во вообичаената смисла на зборот) на трката е релативен поим, сите рели-тимови се стремат нивните екипи да се чувствуваат што е можно подобро во кабините на своите машини. Изморените спортисти не можат да ги подобруваат рекордите.

Новиот КАМАЗ ќе направи вистинска револуција во однос на удобноста. Во обичниот КАМАЗ седиштето на пилотот и навигаторот се наоѓаат директно на предните тркала - во такви услови тие ги чувствуваат буквално сите нерамнини на патот, а ризикот од повреди е многу голем. Во новата верзија кабината е преместена во средината на меѓуоскиното растојание - ова суштински го ублажува вертикалниот обем и ударите.

Шампионот од „Дакар“ Едуард Николов тврди дека ќе ги истисне од машината сите нејзини сокови. „Ќе се вози така што ќе го доживееме вообичаеното оптоварување“, изјави тој за „Руска реч на македонски“.

Press photoPress photo

3. Спокојно приземјување

Интересна карактеристика на новата машина е симетричната распределба на тежината по предната и задната оска. Тоа е голем плус за камионот. Благодарение на овој баланс возилото може да слета рамномерно по скок од трамбулина. И да се движи добро во песок.

Сепак инженерите од КАМАЗ за релито „Дакар“ ќе треба да се откажат од оваа иновација: кога камионот веќе беше подготвен, излезе новата регулатива на „Дакар“, со која се забранува симетрична распределба на тежината. Затоа од јануари инженерите преработуваат сè и ја тргаат задната оска за сметка на предната, изјави за „Руска реч на македонски“ техничкиот директор на тимот Владимир Губа.

4. „Слеп“ спуст

Како што покажаа првите тестови композицијата со капак овозможува подобра контрола врз однесувањето на возилото во месност без ознаки. Новата машина демонстрира прекрасни резултати при лоши патишта, на таканаречените „проодни“ области каде важна улога игра ориентацијата во просторот.

11
 
1/4
 

Во исто време верзијата со капак има недоволен визуелен опфат во дини. Но, како што вели за „Руска реч на македонски“ менаџерот на тимот Сергеј Савостин ниту една машина во светот не обезбедува добра видливост во пустината: кога камионот го искачува сртот на дината, возачот, без разлика дали возилото е со капак или не, го гледа само небото. „И тука на помош доаѓа страничното стакло“, вели тој. „Само тогаш можеш да дознаеш дали треба да намалиш гас, за да не слеташ од дината на глава“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња