Без разлика кој е сторител на нападот (разузнавањето на Киргистан претпоставува дека терористот има потекло од Бишкек), тој не ги носи вообичаените карактеристики на масакр, извршена од „волк-самотник“. Напротив, има типичните белези на претходно замислен и добро организиран терористички акт.
Очигледно целта (мирни граѓани), на скалата (бомбата е поставена во центарот на вагон, а експлозијата избувнува во тунел, за да има максимален број жртви), местото (родното место на претседателот Путин) и времето се избрани намерно, за да се предизвика ѕверски човечка трагедија и „експлозивно“ медиумско покривање.
Овие карактеристики на нападот можат да помогнат во потрагата по одговор на прашањето кое си го поставуваме од древните римски времиња: „Qui prodest?“ Во чија корист? Оние кои можат да имаат корист од овој нечовечки чин, се вклопуваат во краток список на осомничените.
Фундаменталистите од ИДИЛ се повлекуваат од Сирија. Постепеното напредување на неколку фронта на двете коалиции за борба против терористите во комбинација со големиот интерес на САД да ја управуваат кризата во нестабилниот Блиски Исток не му остава на бранителите на средновековниот калифат речиси никакви шанси да одолее на притисокот, да не зборуваме за целосен камбек.
Соочени со неизбежниот пораз, ИДИЛ прибегнува кон терористички напади, кои веќе ги потресоа и шокираа жителите на многу градови во Западна Европа. Русија исто така е на дофат на радарот на меѓународните терористи.
Од есента 2015 година Москва испорачува воена и дипломатска поддршка на законскиот режим на Башар ал Асад во Сирија, со тоа што се бори со граѓанската војна и со ИДИЛ, кои ја имаа окупирано речиси една третина од нејзината територија. Русија се покажа како ефикасен играч кој може да го смени текот на настаните во корист на антитерористичките сили.
Неодамна, во март, ИДИЛ изврши самоубиствен напад врз базата на руската Национална гарда во Чеченија. Историјата на преминувањата на ИДИЛ во самата Русија е богата, иако повеќето од нив се или прекинати во зародиш или се спречени, според агенциите за безбедност.
Достапните податоци покажуваат дека има околу 9.000 борци во ИДИЛ родени или во Русија или во републиките од поранешниот СССР. Чувството дека исламистичкиот сон за преродба на калифатот исчезнува и стравот за сопствениот живот, некои од овие радикалисти ги врати во своите родни места.
Бидејќи овие закоравени борци не знаат ништо друго, освен уметноста да убиваат и да уриваат, тешко може да се очекува тие да започнат да живеат мирно и спокојно. Премногу е веројатно да продолжат да го прават она за што се обучени.
Сосема е веројатно нападот во Санкт Петербург да е по сценарио на џихадисти од ИДИЛ кои дошле дома за да се одмаздат за пропаднатиот живот.
И покрај упорниот триумфиализам на ултранационалистите во Украина, кои успеаја да ја искачат Владата на Петро Порошенко, изгледите за раѓање на една стабилна земја, каква што беше Украина во времето на поранешниот претседател Јанукович, тешко се остварливи во догледна иднина.
Осознавајќи бавно дека работите се измешани, и оценувајќи ги неуспесите на бројните фронтови (успешното отфрлање на „промената на режимот“ во Киев од две самопрогласени републики во Донбас, брзата деиндустриализација на националната економија; навредливиот однос на ЕУ кон барањата за финансиска помош итн.), ултрадесничарската коалиција, вклучувајќи и ја неонацистичката партија „Слобода“, почнува да се чувствува немоќна и како резултат на тоа станува уште пожестока.
Со оглед на тоа што ултрадесните во Украина успеаја да привлечат и да ги сплотат и странски соработници, од кои некои се професионални платеници со воено искуство, не треба да се исклучува и можноста тие да сакаат да се насочат и кон оној кого го сметаат за виновник за сите неуспеси и наближувањето на поразот: Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче