И покрај Брегзит ВБ и ЕУ остануваат единствени по прашањата за Русија

Ројтерс
Според извештајот на Домот на комуните, посветен на безбедноста, во политиката на Велика Британија кон Русија нема промена.

Иако широко распространетите стравови поради можните последици од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, експертите се сомневаат дека Брегзит ќе ја поткопа заедничката европска политика кон Русија во блиска иднина. Најновиот извештај за Русија, изготвен од страна на Домот на комуните, исто така не подразбира промена во ставовите на Островот во однос на интересите од областа на безбедноста.

Комисијата за одбрана во британскиот Дом на комуните објави извештај кој ги акцентира предизвиците што Русија ги претставува во однос на интересите на Кралството во областа на безбедноста. Извештајот излезе во исклучително важен момент кога гласот на Британците во корист на напуштањето на ЕУ предизвикува дебати за тоа дека Брегзит ќе ја промени политиката на ЕУ во областа на економијата и безбедноста кон Русија - земја која е во центарот на европската политика од избувнувањето на украинската криза.

Авторите се критички настроени кон Русија и тврдат дека нејзината „брза милитаризација“ ја поткопува „идејата за стабилна Европа по Студената војна“. Во исто време во документот се истакнува дека е многу важно Русија да биде вовлечена во дебати за безбедност на самитот на НАТО во Варшава (8-9 јули), како и потоа, за да се спречи несакана ескалација во Европа, иако јасно е изразен ставот дека Москва е сериозен предизвик за безбедноста на Велика Британија“.

Обединета Европа

Излегувањето на Британија од ЕУ е долг процес кој тешко дека ќе влијае на политиката на блокот на Русија во блиска иднина, се наведува во анализата на „Стратфор“ (Stratfor). Сепак, Брегзит може да ѝ даде на Москва извесна предност во односите со ЕУ – „долго траеше консензус на ЕУ за санкции и тој може да падне (поради Брегзит) пред следното гласање, најверојатно во јануари 2017 година“, се наведува во анализата.

Некои експерти очекуваат брзи промени во европската санкциска политика кон Русија. „Санкцискиот режим на ЕУ кон Русија се одржува потешко - со оглед на зголемениот скептицизам кај некои членови на блокот како Германија, Италија и други. Велика Британија беше меѓу најактивните бранители на одржувањето на строгиот санкциски режим, веројатноста од Брегзит ќе ја зајакне и веројатноста од промената во рамките на следните неколку месеци“, изјави за „Руска реч на македонски“ Стефан Гензле, професор на Универзитетот во Агдер.

Ставовите на Британија и на членките на ЕУ за безбедност сепак изгледаат цврсти, што придонесува за единство на членките на НАТО при формирањето на пристапот на Алијансата кон Русија. „Што се однесува до прашањата поврзани со безбедноста и одбраната, би рекол дека НАТО е призмата низ која Британија и повеќето земји од ЕУ ја гледаат Русија. Во оваа сфера очекувам продолжение“, вели Стефан Гензле.

Иако е тешко да се предвиди ефектот на Брегзит врз односите помеѓу Велика Британија и ЕУ, експертите се согласуваат дека Велика Британија и блокот ќе продолжат да соработуваат тесно во областа на безбедноста. „Не гледам дека гласот на Британија може да исчезне од дискусиите за безбедност во ЕУ. Овој глас ќе се задржи во сите важни области, бидејќи организациите кои управуваат со безбедноста во Европа, не се базирани во ЕУ“, изјави за „Руска реч на македонски“ Мајкл Кофман, докторанд при институтот „Кенан“ при центарот „Вилсон“.

Вклучување на Русија

Британскиот извештај може да биде од корист за Москва, бидејќи тој ги повикува британските политичари да ја вклучат Русија во дискусиите за безбедност и да соработуваат со Кремљ во борбата против тероризмот.

„Велика Британија треба да процени што може да постигне реално, ако се ангажира со Русија, да сфати колку е практично да работи заедно со неа против Исламската држава и против други екстремистички групи. Принципиелно е сосема можно да се соочиме против и да го запреме непријателот во регион каде интересите ни се судираат, а во исто време да соработуваме со него до одреден степен во регион каде тие се совпаѓаат“, се наведува во извештајот.

Иако експертите се на мислење дека работата со Русија може да не оди толку лесно како што во моментов мислат водечките кандидати за премиерската функција во Велика Британија, односите на Лондон со Москва најверојатно во иднина ќе станат практични. „Би рекол дека ни претстојат повеќе прагматични - политички соодветни - односи со Русија во следните месеци и години“, вели за „Руска реч на македонски“ Џејмс Никс, раководител на програмата за Русија и Евроазија во центарот за анализи „Чатам Хаус“ (Chatham House).

Важно е да се спомене дека Кремљ топло го пречека повикот за дијалог од извештајот. „Изјавата на желба за комуникација е охрабрувачка и целосно одговара на конзистентната позиција на Москва за тоа дека меѓународните проблеми и проблемите во билатералните односи може да се надминат само преку дијалог“, вели во коментар на извештајот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња