Што го прашаа Русите Путин?

Михаил Климентјев / РИА Новости
Во рамките на годишната отворена линија со граѓаните, претседателот на Русија одговараше на прашања за економијата, за следните избори, за офшор-скандалот и за други остри теми.

За офшор-скандалот

„Информацијата [за офшорите на Панама, истражувана од ICIJ] е веродостојна. Тие конкретно никого не обвинуваат. Тие засенуваат. Мислам дека истрагата не ја правеле новинари, туку правници. Овие детали погодија со прстот во небо или, можеби, во некое друго место“.

„Ним на ум не им паднало дека мојот другар Сергеј Павлович Ролдугин можел да ги даде сите пари за купување музички инструменти. Ролдугин има купено виолончело „Стјуарт“ за 12 милиони американски долари произведено од Страдивари. Се употребувало од 1732 година. Ролдугин нема ништо повеќе, тој потрошил толку, што им е должен на структурите преку кои купувал“.

За Сирија

„Заканата [од активација на ИДИЛ, организација која е забранета во Русија] продолжува, но ние не заминавме и не оставивме сè. По повлекувањето на дел од војската од Сирија, ја оставивме сириската армија во состојба во која што таа самата може да извршува офанзивни операции“.

„Интересот за оружјето по операцијата во Сирија нагло порасна. За некои видови вооружување не можеме да го обезбедиме надворешниот пазар, затоа бевме принудени да изградиме две фабрики. Кај нас сè се крева“.

За претстојните избори

„Како што велеше таткото на народите [Јосиф Сталин], не е важно кој како гласа, важно е кој како смета. Никој не се сомнева во ефикасноста на работата на Изборната комисија, постојат начини за заштита на интересите. <...> Улогата на Единаја Росија [владејачката партија] е важна, но не значи дека таа има преференции“.

Како одговор на прашањето на малкуте партии: „Во развиените земји се случува истото, на пример во САД постојано на врвот се две партии: републиканците и демократите. И со политичарите е истото. Беше Клинтон, сега претендира неговата жена. <...> Тоа не е лошо, постојат минуси и плусови“.

За Нагорно Карабах

„Мораме да се однесуваме внимателно и да не наштетиме. <...> Ќе работиме во рамките на меѓународните структури и билатерално. Русија е заинтересирана за решавање на ова прашање. Сакаме да соработуваме и со едните, и со другите“.

За Турција

„Не се наоѓаме и нема да се најдеме во непријателски обрач. Имаме многу добри односи со многу земји, со соседите. <...> Дури и Турција ја сметаме за пријател. Постојат проблеми со политичките фигури. Кога тие се однесуваат неадекватно, ние реагираме. Мора да се реагира, инаку на глава ќе ни се качат“.

На прашањето на 12-годишната Варвара, доколку би тонеле Порошенко и Ердоган, кого би спасил прв, Путин одговори: Штом некој решил да потоне, невозможно е да го спасиш. Но, се разбира, ние сме подготвени, подготвени сме да пружиме рака на помош и рака на пријателство на секој наш партнер. Доколку самиот тој го сака тоа“.

За Украина

„Не знам какви приоритети има [новата влада], што има намера да прави. Знам што беше планирано и што беше направено. Кон крајот на 2014 година беше донесен план од 9 точки, не целосно се исполнети две. Резултатите се тешки. Во Русија имаме инфлација од 12.9% со тенденција на намалување. Во Украина инфлацијата изнесува 48%. Цената на гасот е прасната за 3.3 пати, струјата 53%, а планирано е да дојде до 63%“.

„Украина потпиша спогодба со ЕУ, но зошто? Олигарсите што беа на власт, си останаа. Првите лица на земјата си седат во офшор-зоните. Ние сме заинтересирани Украина да стане на нозе. Трговската размена со Европа им падна за 23%, а со Русија за 50%. Ние воведовме санкции против Украина по половина година откако таа се приклучи на санкциите на ЕУ. Новата влада нека дејствува во интерес на својот народ, а не за доброто на странските структури“.

За економијата и за кризата

„Ние се наоѓаме на 'сивата линија' (од економијата). Владата тргнува од тоа дека во 2016 година намалувањето на БДП ќе изнесува 0.3%, а дека во 2017 година економијата ја очекува пораст од 1.4%. Расположливите приходи се намалија за 4%, порастот во земјоделството 3%, невработеноста – 5.6%, многу мал пораст се бележи кај индексацијата на детскиот додаток во износ од 453 илјади рубли. Салдото на трговскиот биланс, доколку не се земе предвид нафтата, изнесува 146 милијарди рубли“.

„Резервите во фондовите се вратија на нивото од почетокот на 2014 година. <...> Денес тие изнесуваат 4.5% од БДП на земјата. ...Доволно е за 4 години, доколку не се дополнуваат, а ние планираме да ги дополнуваме. Доколку замреме и апсолутно ништо не правиме, доколку не работиме, можеме да преживееме 4 месеци“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња