Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека нападот на турската воена авијација врз рускиот бомбардер Су-24 е злосторнички чин, истакнувајќи дека штетата што ја предизвика овој инцидент е тешко надоместлива.
„Злосторничките постапки на турските власти кои го соборија рускиот авион неразумно предизвикаа три последици“, изјави Медведев, коментирајќи го овој инцидент откако по повеќедневната турнеја во земјите на Југоисточна Азија пристигна во Екатеринбург.
„Како прво, се работи за опасно заострување на односите меѓу Русија и НАТО, кое не може да биде оправдано со никакви интереси, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници. Како второ, Турција со своите постапки во суштина покажа дека ги штити интересите на терористите од „Исламската држава“. Тоа не е за изненадување, ако се земат предвид податоците за директните финансиски интереси кои извесни функционери на Турција ги имаат во врска со испораката на енергенти кои се произведуваат во фабриките на „Исламската држава“, истакна рускиот премиер, а пренесува „Взгљад”.
„Како трето, долготрајните добрососедски односи меѓу Русија и Турција се доведени во прашање, вклучувајќи ги односите во економијата и во хуманитарната сфера“, истакна Медведев. „Оваа штета ќе биде тешко надоместлива и нејзина директна последица може да биде откажување на цела низа заеднички проекти, додека турските компании можат да ги загубат своите позиции на рускиот пазар“, рече рускиот премиер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче