Кремљ: Путин не зборуваше за можен воен одговор спрема Турција

Претседателот на Русија Владимир Путин не зборуваше за можен воен одговор спрема Турција во врска со соборувањето на рускиот авион Су-24, изјави во вторникот портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

„Се разбира, не би зборувал (за таков одговор) и претседателот, се разбира, не зборуваше за какви било воени последици, поради тоа треба да се појде од фактот дека претседателот не дозволи такви изјави“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали претседателот на РФ ја исклучува можноста за воен одговор спрема Турција како резултат на соборувањето на авионот Су-24“, пишува „Взгљад“.

Песков потсети дека „истовремено, се разбира, претседателот ја истакна неизбежноста на последиците по таквите непријателски постапки на турската страна“.

„Можам да изразам само најостра индигнација и разочарување во врска со тие непредвидливи постапки на Турција. Тие е апсолутно необјасниви и, за жал, има само најнегативни објаснувања“, одговори Песков на прашањето за коментар за постапките на Турција како човек кој неколку години (во 1990-те) работел како дипломат во Турција.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња