Во колумна, објавена од „Вашингтон пост“ (The Washington Post), претседателот на САД Барак Обама го повика Конгресот што е можно поскоро да го одобри договорот за Транстихоокеанското партнерство. Тој истакна дека ваквиот чекор ќе му овозможи на Вашингтон да ги диктира правилата на меѓународната трговија.
„Светот се промени. Правилата се менуваат со него. САД, а не земјите како Кина, треба да ги пишуваат. Да ја искористиме оваа можност да го прифатиме Транстихоокеанското партнерство и да се осигуриме дека Америка не ја држи торбата, туку пенкалото“.
Обама пишува дека главниот трговски ривал на САД - Кина, исто така активно дискутира за правилата за трговија со другите земји од Азиско-пацифичкиот регион и за евентуален мултилатерален договор под покровителство на Пекинг, кој теоретски може да „земе дел од растечките пазари во светот за наша сметка и така да се изложат на ризик американските работни места, бизниси и стока“.
Како одговор кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека правилата на меѓународната трговија треба да се определуваат од сите земји во светот заедно, а не да бидат диктирани од една страна. Специјално за „Комерсант“ директорот на Рускиот центар за истражување на Азиско-пацифичка економска соработка (ATIS) при Руската академија за народно стопанство и јавна администрација Наталија Стапран ја анализира колумната на Барак Обама.
Колумната на Барак Обама за Транстихоокеанското партнерство, објавена во „Вашингтон пост“, е неочекуван пример за отворена и видлива агитација. Јасно е дека сега главната цел на американскиот претседател е што е можно побрзо да го убеди американскиот Конгрес да го ратификува овој документ. А, тоа значи дека тој треба да зборува пред сè за придобивките кои документот би им ги донел на Американците.
И покрај тоа, за да си го спаси срамот, тој би требало барем бегло, да спомене дека документот би бил корисен и за останатите учесници и би бил од полза за целиот регион. Во текстот на статијата сепак азиско-пацифичкиот регион е претставен не како рамноправен партнер на САД, ами како безличен перспективен полигон за откривање на американските можности - и ништо повеќе. Во текстот нема ни збор за интересите на партнерите во договорот, иако на меѓународната арена Барак Обама постојано зборува дека корист ќе има за сите учесници.
Кина е единствената земја која е спомната во текстот на колумната, покрај САД.
Непријатен впечаток прави и видливата агресивна антикинеска реторика. Се создава чудно чувство дека во САД не само во политиката, ами и во економијата единствениот вистински поттик за внатрешно сплотување и прифаќање на важни одлуки е да се идентификува конкретен противник.
На внатрешно ниво тоа би можело да се оправда, но од устата на еден претседател тоа звучи како официјална надворешнополитичка стратегија и отворен предизвик против Кина, која, меѓу другото, до моментов реагира на Транстихоокеанското партнерство прилично воздржано и дипломатски.
Слично претворање на ТТП од договор „во името на заедничка економска благосостојба“ во договор „против Кина“ значително ја намалува надворешната привлечност. Уште повеќе што по Кина во статијата за прв пат се јавува уште една линија на спротивставување, која досега Американците не ја означуваа отворено - договорот за ТТП се противи на договорот за Регионална сеопфатно економско партнерство (РСЕП - преговарачки процес во формат АСЕАН + 6, каде Кина има активна улога).
Противпоставеноста на РСЕП и ТТП е прилично невнимателен потег, бидејќи тоа може да ги одвратат азиските земји кои учествуваат и во двата договори - тие гледаат на нив како на взаимодополнувачки и не се подготвени да избираат помеѓу САД и Кина. И во двата договори учествуваат истовремено 7 од 12 учесници во ТТП и сите тие сметаат дека овие два договори се надополнуваат.
Така, дури и овој текст да го инспирира американскиот Конгрес брзо да го ратификува, тој може да биде лоша шега на САД во нивните односи со надворешни партнери, а некои од точките во статијата на американскиот претседател може да биде буквално искористени од противниците на ТТП во други држави како доказ дека истиот промоција на исклучително американски интереси. А, тоа тешко дека ќе помогне за популарноста на договорот кај останатите земји.
За да стапи на сила овој договор, освен да биде ратификуван внатрешно, на Американците ќе им е потребно тој да биде одобрен и од уште неколку партнери, со цел нивната заедничка бројка да надминува 85% од БДП на сите учесници во ТТП. Написот на Барак Обама во „Вашингтон пост“ тешко дека ќе го зголеми ентузијазмот на азиските скептици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче