Експерт од Донецк: Кој и зошто го уби Гиви?

Моторола и Гиви беа талентирани команданти кои се издигнаа од народната средина и станаа симболи на националниот протест и борбата, пишува , пише Андреј Бабицки.

Ниту Москва ниту Захарченко (лидерот на самопрогласената Донецка Народна Република) никогаш немале било каква причина да се пресметаат со командантите на армискиот корпус на ДНР Моторола и Гиви, пишува експертот Андреј Бабицки, коментирајќи ги обвинувањата против раководствата на ДНР и Русија за наводна вмешаност во убиството на популарните команданти.

„Тие луѓе не поседуваа тајни и компромитирачки податоци, тие не беа конкуренција за никого на политичката сцена, воопшто не ни имаа и не сакаа да имаат никаква врска со политичкиот процес во републиката, со својата популарност не поткопуваа ничиј авторитет“, пишува експертот.

Одговорот на какви било бесмислени претпоставки за тоа дека тие пречеле некому ќе биде едно дефинитивно и аргументирано „не“, се вели во текстот.

„Кои беа тие? Тие беа талентирани воени команданти, кои се издигнаа од народната средина и веќе со тоа станаа симбол на националниот протест и борба“, пишува експертот за „Взгљад”.

Единствениот добитник од нивната прерана смрт беше другата страна во конфликтот, како што покажува нејзиното ликување, вели експертот.

„Суштината на она што се случи е очигледна. За специјалните служби на Украина убиството на луѓе кои се олицетворение на борбата на рускиот Донбас, рускиот свет против бандеровштината која е на умирање и затоа смртоносно опасна претставува  многу важна задача. Решавајќи ја оваа задача тие можат да постигнат во исто време голем број на цели: можат да ја покажат ранливоста на системот за безбедност на републиката, да ја покажат својата сопствена сила и способност да функционираат успешно зад непријателските линии, да го деморализираат непријателот, уверувајќи го во сопствената немоќ и бесмисленоста на обидот ефикасно да им се спротивстави на диверзантите“, смета експертот од Донецк.

Бабицки додава дека проблемот лежи во тоа што ДНР нема искуство во борбата против тероризмот, нешто што би можело да се реши со поддршка од Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња