Симоњан: РТ е виновна за објавувањето реални факти за Клинтон

„Единственото обвинување кое разузнавачките служби го изнесоа против РТ се состои во тоа што телевизискиот канал ја критикуваше Клинтон, објавувајќи во репортажите реални факти за неа“, пишува главниот и одговорен уредник на РТ Маргарита Симоњан.

Главниот и одговорен уредник на РТ Маргарита Симоњан во своето писмо до „Гардијан“ ги отфрла обвинувањата кои против рускиот ТВ-канал ги изнесоа американските специјални служби во извештајот за вмешаноста на Русија во изборите во САД.

Во извештајот се наведува дека ТВ-каналот РТ наводно учествувал во кампањата која имала за цел „да ја поткопа довербата на јавноста во САД во американските демократски процедури“. Исто така се тврди дека рускиот ТВ-канал сакал да влијае врз резултатите од претседателските избори во полза на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Според извештајот објавен од страна на американската ЦИА, ФБИ и НСА, РТ во своите известувања „кандидатот Клинтон во текот на целата изборна кампања го опишуваше исклучително во негативно светло, истакнувајќи ја пред сѐ објавен`ата преписка и претставувајќи ја како корумпирана личност која страда од проблеми со физичкото и менталното здравје и е поврзана со исламските екстремисти“.

Симоњан изјави дека овој извештај е „тажен показател за состојбата на нештата во аналитичките кругови на разузнавачките структури на САД“.

„Единственото обвинување кое разузнавачките служби го изнесоа против РТ се состои во тоа што телевизискиот канал ја критикуваше Клинтон, објавувајќи во репортажите реални факти за неа“, пишува Симоњан. „И тоа е нашето таканаречено злосторство! Каква неверојатна поддршка за слободата на говорот и новинарството!“.

Симоњан додава дека никој не се грижел што некои други странски медиуми отворено агитирале за Клинтон.

„Поради некоја причина, никој не се загрижи поради британското мешање во американските избори, кога „Гардијан“ фактички вршеше агитација за едниот од кандидатите во странска земја (Не гласајте за Трамп, изберете ја Клинтон)“, вели Симоњан во своето писмо

„Очигледно е дека САД имаат многу несовршен систем, а сепак нивните лидери се опседнати од стремежот да го учат светот како треба да живее“, заклучува главниот и одговорен уредник на РТ, пренесува ИноТВ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња