Анкара одбива да го ревидира својот став за Крим

Соработката со Русија не предвидува ревизија на ставот на Турција за Украина, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.

Дијалогот со Русија ќе придонесе за решавање на многу конфликти, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, говорејќи на амбасадорската конференција во Анкара на 9 јануари. Притоа тој потенцираше дека соработката со Москва не предвидува ревизија на позицијата на Анкара за Украина и Грузија.

„Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина и Грузија. Не ја признавме анексијата на териториите на Украина“, ги цитира неговите зборови „Интерфакс“.

Сепак, во ноември делегација на турските политичари и претставници на бизнис-круговите престојуваше во посета на Крим. Шефот на турската делегација, на пример, ги нарече лажни изјавите за прогон на Кримските Татари. „Народот овде има во потполна мера можност за остварување на правото на вероисповед, да зборува на својот мајчин јазик, луѓето се задоволни со своите животи“, изјави тој. Шефот на делегацијата, исто така, рече дека волјата на жителите на Крим на референдумот во март 2014 година треба да се почитува.

Украина поднесе пријави против членовите на турската делегација кои престојуваа на Крим. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња