Мало парче руска територијата „во срцето“ на НАТО навистина ја плаши Алијансата, пишува колумнистот на „Национален Интерес“ Роберт Фарли.
Се работи за Калининград кој, како што потсетува авторот, по распадот на СССР, се наоѓа опкружен од земји-членки на НАТО.
„Кога балтичките земји се приклучија на НАТО, Калининград стана непријателска територија во самиот центар на западната алијанса. Тоа го направи особено ранлив, а истовремено и потенцијално опасен од воена гледна точка“, пишува Фарли.
На пример, авторот го плашат руските ракетни системи С-400 и „Искандер М“ кои беа распоредени таму.
„Како што е наведено во детали во бројни статии во „Национален Интерес“’, C-400 е еден од најсмртоносните системи за противвоздушна одбрана во светот“, пишува тој.
Тој укажува на некои функции на руските ПВО системи, поради кои на НАТО ќе му биде „непријатно и тешко“ да обезбедува воздушна поддршка на небото до балтичките земји - особено, поради различните проектили кои можат да покриваат растојание од 40 до 400 километри.
Што се однесува до „Искандерите“, досега нема точна информација за нивните капацитети, „досега е тешко да се најде“, но познато е дека „тие можат да лансираат конвенционални или атомски боеви глави на растојание до 400 километри“.
„Ако Москва сака да изврши притисок врз колебливите земји-членки на НАТО, таа може да направи моќна демонстрација со префрлање во енклавите на некакви нови и застрашувачки оружја“, објаснува тој.
Притоа, според Фарли, НАТО има можност „да преземе политички чекори“ насочени кон дестабилизација на таа територија, што нема да ѝ одговара на Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче