„Речиси 25 години Русија го молеше НАТО да не се проширува на исток, до нашите граници. Но НАТО на сите убедувања од Москва одмавнуваа со рака. Што имаме на крајот? А фактот дека силите на НАТО во Источна Европа според некое основно вооружување (тенкови, оклопни возила, авиони, артилерија, ракетни системи за ПВО) сумарно ја надминуваат нашата Западна група на сили за 10-15 пати! И како надополнување на тоа САД распоредија над неа џиновски чадор за противракетна одбрана (иако за ПРО Американците тврдат дека тоа е одбранбен систем, таа фактички лесно може да биде да се трансформира во офанзивен). И тоа не е сѐ! Алијансата ги пикна своите „тупаници“ и во балтичките држави, Полска, Романија, распоредувајќи таму нови бази.
Уште пред 10 години и Кремљ, и Министерството за одбрана на Русија и Генералштабот на ВС РФ ги предупредуваа официјалните претставници на НАТО дека Русија ќе биде принудена да реагира. Некои политичари и генерали на НАТО го сметаа тоа за блеф. Велеа дека Москва никогаш нема да се согласи со влошување на односите со Европејците. Кога два-три пати и само во текот на воените вежби довлечкувавме во Калининградската област високопрецизни оперативно-тактички системи „Искандер“ и најнови ракетни системи С-400, САД, НАТО и Европа почнуваа на цел глас да лелекаат за „руската воена закана“. И ние полека го враќавме нашето страшно оружје на старото место.
А сега, се чини, рускиот политички и воен врв реши повеќе да не си игра со НАТО мачка и глушец и „да ги размести на постојана основа“ истите „Искандери“, С-400, патем и уникатните системи за крајбрежна одбрана „Бастион“ во Калининградската област. И што слушнавме од Вашингтон? „Распоредувањето на руските ракетни системи „Искандер“ и С-400 во Калининград ја дестабилизира безбедноста во Европа“. Тоа го изјави портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби. Колку е лицемерно ова: да се наполни Европа со војници на НАТО, како бомба со ТНТ – тоа, значи, е „стабилизирачки фактор за безбедноста“. А да се стави под посигурна заштита руската територија, до чии граници веќе допреле цевките на тенковите на НАТО, тоа е дестабилизација? Кирби уште и се обидува да ги подучи руските политичари и генерали: вели, „ниедна“ варијанта на развојот на настаните не бара таков воен одговор“. Сепак, ние самите ќе одлучиме која опција повеќе ни одговара одговара. Без „директивите“ и советите на Стејт департментот“, го заклучува својот текст во „Комсомолскаја правда“ воениот аналитичар Виктор Баранец.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче