„На Линија“: Нападот врз Су-24 – една година потоа

Главниот уредник на порталот „На Линија“ (На Линии) Виктор Мараховски напиша колумна по повод годишнината од соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија од страна на турското воено воздухопловство.

Виктор Мараховски, главен уредник на порталот „На Линија“, се потсетува на годишнината од соборувањето на рускиот Су-24 во Сирија и на настаните што следеа потоа:

„Почитувани читатели!

Денес се одбележува точно една година од нападот на турското Воено воздухопловство врз рускиот Су-24 на територијата на Сириската Арапска Република.

Како резултат на нападот, авионот беше соборен. Локалните банди, под покровителство на турското раководство, го застрелаа додека се спушташе со падобран командирот на екипажот потполковник Олег Анатољевич Пешков.

Во текот на операцијата за спасување беше убиен од бандитскиот оган и морскиот пешадинец Александар Михајлович Позинич.

Турската агресија (непредизвикана од ништо друго освен од желбата на турското раководство да се прогласи за некаква главна сила во регионот на конфликтот) резултираше со познатите последици. Русија стори „сѐ, освен војна“. Беа суспендирани заедничките економски проекти, вклучувајќи и изградба на нуклеарна централа; Русија го запре увозот на турска стока, рускиот туризам во Република Турција беше сведен на нула.

Фактот дека Русија не возврати со воен напад и не го умножи бројот на своите загинати војници за стотици и, можеби, илјадници пати, од некои алтернативни умови беше сметан за кукавичлук и предавство. Алтернативните умови цитираа „нацијата што се обидува да избегне војна по цена на срам, ќе добие и срам, и војна“, сметајќи го отсуство на војна со Турција за несомнен срам.

Но, животот испадна поинаку. Една година помина, многу нешта, вклучувајќи и обид за воен удар, се случија во Турција.

Како резултат на тоа, позицијата на таа држава за многу, многу прашања, драматично се смени.

Раководителите на Република Турција ѝ се извинија на нашата земја и на блиските на загинатите.

Нашите авиони повеќе никој не се обидува да ги собори.

Руските санкции се укинати, „Турски тек“ и АЕЦ се повторно во оптек.

Сепак, не смееме да заборавиме што се случи и како се однесуваа раководителите на Турција пред една година.

Затоа, пред да го купите тури во Анталија, каде што „повторно се може“, треба долго и внимателно да ја гледате оваа фотографија:

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.