Ако Вашингтон се откаже од соработката со Москва во борбата против тероризмот во Сирија, тоа ќе биде најдобриот подарок за терористите, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
Како што изјави таа, „доколку заканите кои можат да се слушнат од Вашингтон за прекин на соработката се претворат во готови одлуки, тогаш веќе нема да има сомнежи: Белата куќа ги зела терористите под своја закрила и терористите можат да слават“.
Захарова исто така ја коментираше и изјавата на Саманта Пауер. Претходно специјалниот пратеник на САД во ОН рече дека дејствијата на Сирија и Русија се „подарок за терористите од ИД и „Џебхат ан-Нусра“. Според Пауер, нивните дејствија „предизвикуваат голем бран бегалци и радикализација“:
Портпаролката на руската дипломатија потсетува дека Вашингтон долго време негираше дека во Сирија има терористи. „Според мислењето на американските колеги, таму немаше терористи. Светот за „Исламската држава на Ирак и Левант“ и за другите терористички организации во Сирија дозна од руски претставници. Сега американските експерти масовно ги користат овие називи и уште и ја обвинуваат Русија дека го поттикнува тероризмот“, напиша Захарова на својот „Фејсбук“ профил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче