Министерството за одбрана на Русија наредило да се распоредат во Калининград ракетни системи „Искандер-М“. Ова за „Ројтерс“ го изјави извор во разузнавањето на САД.
Според него, причините за ваквата одлука можат да се „безопасни“. „Тоа исто така може да биде политички гест – демонстрација на сила, за да се покаже незадоволство од постапките на НАТО“, додаде изворот.
На 4 октомври беше соопштено за почеток на завршната контролна проверка на ракетната бригада на Западниот воен округ. Единиците беа ставени во највисок степен на борбена готовност. Како што се истакна, во рамките на мерките се планира „одржување обука за управување со ракетни напади со замислени лансирања на ракети од оперативно-тактичкиот систем „Искандер-М“, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче