НАТО смета дека наведените мерки нема да бидат доволни за подобрување на безбедноста и спречување на летовите на руските авиони паралелно со воените пловила или авиони на западните земји, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Притоа изданието истакнува дека клучните сојузници на НАТО се заинтересирани за унапредување на воениот дијалог со Москва и е надеваат на продолжување на преговорите со руските официјални претставници кои работат над нови мерки на безбедност на воздушниот сообраќај.
Претходно на 2 јули министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу наложи да се изготват предлози за изработка на систем на мерки на доверба кои ја зголемуваат безбедноста на летовите на авијацијата во регионот на Балтичкото море.
На 1 јули претседателот на Финска Саули Ниинисте му предложи на претседателот на Русија Владимир Путин да се договорат за забрана на летовите на авионите над Балтичкото море со исклучени транспондери со цел избегнување на несакани инциденти. Путин се согласи со предлогот, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче