Владата на Велика Британија соопшти за дополнително финансирање на Светскиот сервис на Би-Би-Си со цел да ги зголеми неговите емисии на руски јазик за информативна борба со Русија, се вели во одговорот на претходно објавениот извештај на Комитетот за одбрана на Парламентот на Велика Британија, пишува „РИА „Новости“.
„Активно работиме со европските партнери и партнерите во НАТО за да го заштитиме и промовираме пристапот до сигурна информација, особено на руски јазик. Тие мерки вклучуваат дополнително финансирање на Светскиот сервис на Би-Би-Си, за да ги зголеми неговите емисии на руски“, се вели во одговорот на владата на обвинувањата на парламентарците дека „Британија и НАТО до ден-денес немаат целосна стратегија за ефикасна борба со руската пропаганда и дезинформација“.
Притоа документот не објаснува дали веќе се одвоени средства или засега тоа само се планира. Обемот на финансирање исто така не е наведен во документот.
„Во партнерство со нашите сојузници развиваме проекти за да го подобриме бројот на медиуми и пристапот до балансирана и објективна информација на руски јазик“, се вели исто така во одговорот на владата.
Претходно во септември Светскиот сервис на Би-Би-Си побара од британскиот парламент помош за да може да ѝ конкурира на телевизијата РТ и да ги зголеми емисиите на руски јазик,
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче