Медиум: „Руската пропаганда“ не е попристрастна од онаа на Би-Би-Си

„Би-Би-Си нема монопол на вистината“, пишува шкотскиот весник „Национал“, коментирајќи го отворањето на дописничката канцеларија на руската агенција „Спутник“ во Единбург.

Отворањето на дописничката канцеларија на агенцијата „Спутник“ во шкотски Единбург буквално ги „навреди“ водечките медиуми во Велика Британија, пишува весникот „Национал“

Британските весници ја прогласија руската агенција за „државен мегафон на сѐ побескпомпромисниот режим на Владимир Путин“ и за „глас на Кремљ“.

Според весникот, ваквите изјави се „чиста пропаганда“, затоа што британските новинари не се обидоа „да понудат објективна анализа на она што се случува“.

„Веројатно треба да им се укаже на фактот дека Светската служба на Би-Би-Си врши пренос од 74 дописнички канцеларии ширум целиот свет (тоа е двојно повеќе од „Спутник“) и ги шират ставовите на Обединетото Кралство за настаните во светот, што критичарите би може да го наречат како пропагандистичка дејност“, се вели во статијата.

Весникот истакнува дека „Спутник“ навистина ќе нуди поинаков поглед на настаните во светот а кој се разликува од ставовите на Би-Би-Си или на „Фокс Њуз“.

Притоа дел од репортажите ќе биде посветен на Шкотска – и ќе бидат подготвувани – од „извонредно талентирани“ новинари.

„Би-Би-Си нема монопол на вистината – а вистината се состои во тоа што известувањето на „Спутник“ за вестите во светот не е повеќе тенденциозно и пристрасно од известувањето на истите вести од страна на други организации кои се занимаваат со известување“, заклучува весникот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња