Претседателот на САД Барак Обама е уверен дека рускиот лидер Владимир Путин претставува „пример“ за републиканецот Доналд Трамп. Ова Обама го изјави во текот на својот говор за поддршка на Хилари Клинтон во Филаделфија, пренесува ТАСС.
Незадоволството на американскиот претседател го предизвика интервјуто на Трамп за телевизијата РТ. Обама исто така изјави дека милијардерот му се „додворувал“ на Путин.
„Кој отиде минатата недела на руската национална телевизија, каде ги понижуваше нашите војници и изразуваше свои симпатии спрема Владимир Путин? Тој го сака тој човек, едноставно го сака“, рече Обама.
За Трамп „тоа е пример“, додаде Обама, споредувајќи се потоа себеси со републиканецот.
„И јас морам да си имам работа со Путин, со Русија. Тоа е дел од надворешната политика. Но јас не одам и не зборувам дека тој е пример за мене“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче