„Според информациите на медиумите, на 4 август во авганистанската провинција Логар принудно слетал хеликоптер Ми-17 кој му припаѓа на Пакистан, а кој летал за Русија на ремонт. Членовите на екипажот беа заробени од борците на Талибанското движење. Меѓу нив е државјанинот на Русија С. К. Севастјанов, роден 1956 година, навигатор“, се вели во соопштението на МНР Русија.
Рускиот дипломатски ресор ја проверува наведената информација.
„Нашите амбасади во Исламабад и Кабул се наоѓаат во тесен контакт со властите на земјите со цел преземање исцрпни мерки за ослободување на Русинот“, додадоа од министерството.
Претходно портпаролот на армијата на Пакистан генерал Асим Баџва изјави дека хеликоптерот Ми-17 кој летал за Русија за ремонт принудно слетал во Авганистан. Според информациите на локалните медиуми, хеликоптерот во кој имало седум лица, меѓу нив и еден Русин, бил заробен од бунтовниците, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче