Тверска Карелија е дел од Тверската област и до неа од Москва се стасува за два часа возење. Таму во последниве 500 години живеат Карелите, мал, но горд народ.
Ана ДовгалИ покрај тоа што со години живеат покрај Русите и одржуваат блиски врски со нив, тверските Карели настојуваат да го зачуваат својот јазик, култура, обичаи и традиции.
Ана ДовгалВо оваа област во 1930 година живееле околу 150.000 Карели, а денес ги има многу помалку. Според податоците од 2002 година, сега ги има околу 15.000. Традицијата на тверските Карели во голема мера е пронижана со селскиот начин на живот.
Ана ДовгалСемејните врски се многу силни. Луѓето се обидуваат барем да ја сочуваат кулинарската традиција: подготвуваат сирење за назима, прават пиво, варат густ кисељ од црвени офинки или од овес, и печат јајца во фурна.
Ана ДовгалКарелите имаат просечна височина, светла коса и очи, иако има такви и со костенливи очи. Се одликуваат со цврст карактер, снаодливост и приврзаност кон природата и земјата.
Ана ДовгалКључева е село во Максатихинскиот реон на Тверската област. Тоа е голема населба, а неговите жители сè уште зборуваат на карелски јазик.
Ана ДовгалПорано во селото имало над 100 домаќинства. Функционирал и совхозот, односно државното земјоделско добро. Не бил голем, но работел добро. Се одгледувале хељда, ‘рж, овес, јачмен и компири, а се чувала и стока и живина: крави и телиња, свињи, кокошки, овци и коњи.
Ана ДовгалДенес во селото има 150 куќи, а само во 25 од нив живеат луѓе. На почетокот на 2014 година имало помалку од 100 постојани жители, главно пензионери.
Ана ДовгалЛокалните жители сами ги произведувале неопходните работи за домаќинството. Правеле чизми и чевли, плетеле корпи и шиеле ленена облека, везеле кошули и шапки. Освен тоа, правеле и корита, буриња и садови. Произведувале катран, вареле компот од црвени офинки, се занимавале со риболов и печеле колачи познати како „суљчини“.
Ана ДовгалВо 1958 година селото добило електрична енергија и водовод. Тука живееле голем број луѓе. Се славеле советските и православните празници.
Ана ДовгалПорано постоела и селска управа, болница, библиотека, пошта, клуб, училиште, црква, млекарница и пекарница.
Ана ДовгалСелската управа и училиштето се затворени, но и понатаму функционираат селскиот клуб, библиотеката, музејот, продавницата и поштата. Последната ученичка успешно завршила четврто одделение во 2013 година, а ја подучувала нејзината мајка.
Ана ДовгалНо, младите заминуваат од селото. Останати се само три деца.
Ана ДовгалИ покрај оваа тажна статистика, локалните претставници на тверските Карели се обидуваат да пронајдат решение и се надеваат дека ќе ги зачуваат јазикот, културата, историјата и обичаите на својот народ.
Ана ДовгалПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче