Путин му даде забелешка на Рогозин за небрежниот изглед

Претседателот на РФ Владимир Путин денеска во текот на состанокот во Сочи му даде забелешка за изгледот на вицепремиерот Дмитриј Рогозин.

Претседателот на РФ Владимир Путин денеска во текот на состанокот во Сочи му даде забелешка на вицепремиерот Дмитриј Рогозин кој е одговорен за сферата на одбранбената индустрија и вселената.

Вниманието на шефот на руската држава го привлече лабаво затегнатата и искривена вратоврска на вицепремиерот.

„Поднамести си ја вратоврската“, рече Путин поминувајќи покрај Рогозин на почетокот на средбата.

Вицепремиерот направи не многу вешт обид да си ја поднамести вратоврската и во знак на благодарност му кимна на претседателот на РФ.

Претходно Рогозин и генералниот директор на „Роскосмос“ Игор Комаров беа на состанок со претседателот на кој се дискутираше неодамнешниот инцидент на космодромот „Восточни“ кога беше одложено лансирањето на ракетата „Сојуз“. Како што соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, на средбата се разговарало меѓу другото и за кадровски промени по инцидентот, пренесува „Лајф ТВ“.

Видеото од настанот можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња