Руски борбени авиони во вторникот неколку пати прелетале покрај американскиот разурнувач „Доналд Кук”, соопшти „Ројтерс“ повикувајќи се на изјави на американски воен претставник.
Весникот наведува дека американскиот претставник изјавил дека два авиони Су-24 не биле вооружени, но дека симулирале напад и дека тоа бил еден од најагресивните контакти кои тој дотогаш ги видел.
Исто така, руски Kа-27 Хеликс хеликоптер исто така прелетал седумпати во близина на разурнувачот и го фотографирал.
Американскиот разурнувач „Доналд Кук” со Вооружените сили на Полска одржувал заеднички маневри во југозападниот дел на Балтичкото море. Според зборовите на воениот претставник на САД, бродот се наоѓал во меѓународни води.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче