Терористичките напади во Брисел ќе имаат сериозно влијание врз политиката на Европа, и и Русија може да преиспита редица свои приоритети, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев на средбата со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.
„Совршено јасно е дека терористичките напади од таков вид нема да останат без последици. Тие, несомнено, ќе имаат свое влијание и врз политиката на Европската унија, и веројатно, на нашите одлуки. Се разбира, ние исто така ќе имаме предвид сѐ што се случи при оформувањето на нашите надворешнополитички приоритети, како и при донесувањето одлуки во сферата на економијата“, изјави Медведев.
Терористичките напади во Брисел се предизвик за целиот цивилизиран свет кој покажува колку ранлива стана Европа и колку е потребно да се бориме против тероризмот заеднички, рече Медведев.
Премиерот на Русија исто така истакна дека постојат разни причини за она што се случува. Се јавуваат проблеми и со миграциската ситуација во Европа, вклучително и во Германија. „Ние, нема да кријам, со напрегнатост го набљудуваме сето тоа. Подготвени сме да учествуваме во разгледувањето, се разбира, и на овие прашања, да дадеме свој придонес“, изјави Медведев.
Медведев потенцираше дека нападите во Брисел се „тежок настан кој болно одекна во срцата на луѓето кои живеат во нашата земја и уште еднаш потсетува за неопходноста од консолидација на сите напори“, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче