Претходно на интернет се појави фрагмент од нивниот разговор, а сега НТВ ја објави целосната верзија на разговорот.
Во четвртокот од првиот дел на разговорот меѓу „телефонските хулигани“ и турскиот претседател станува јасно дека Ердоган изразил желба да им се придружи на можната антируска коалиција предводена од Украина, доколку би се појавила таква.
Во текот на разговорот со Ердоган руските „телефонски хулигани“ исто така му предлагаа на турскиот претседател да се договори за субвенционирање на туристичките услуги за Украинците, особено за украинските функционери.
Исто така, турскиот претседател изјавил дека нема намера да му се извини на Владимир Путин за соборениот во ноември руски воен авион.
Истовремено извор во администрацијата на претседателот на Турција ги демантираше изјавите за телефонскиот разговор со руските „хулигани“.
„Ништо немам слушнато за тој повик, но воопшто толку едноставно е невозможно да му се јавите на претседателот. Го сметам тоа за измама, затоа што за такви разговори се користат специјални канали за врска и посени процедури“, изјави изворот, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче