Медиуми: Руските ловци Су-35С пристигнаа во Сирија

Су-35С ќе биде тестиран во борбени услови во Сирија.

Рускиот Генералштаб има намера да ги тестира во борбени услови во Сирија најновите ловци Су-35С, соопштуваат руските медиуми.

Според неофицијалните информации, станува збор за четири авиони кои во октомври-ноември минатата година им беа предадени на ВКС Русија од  фабриката за авиони во Комсомолск-на-Амур, пишува „Комерсант“.

Според зборовите на извор во Генералштабот, во моментов бројот на мешаната авиогрупа на ВКС Русија во авиобазата „Хмејмим“ надминува 70 авиони и хеликоптери.

На крајот на декември минатата година беше соопштено дека најновите Су-35С првпат стапија на борбено дежурство во противвоздушната одбрана.

Су-35 (според кодификацијата на НАТО - Flanker-Е+) е руски повеќенаменски ловец од генерација 4++.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња