„На 27 декември во турскиот весник „Хуриет“ е објавено интервју со граѓанинот на Турција Алпарслан Челик, кој го изврши стрелањето врз командирот на екипажот на Су-24, соборен од ВВС на Турција над територијата на Сирија на 24 ноември 2015 година. Во тоа „ексклузивно“ интервју Челик отворено го признава своето непосредно учество во убиството на рускиот пилот. Не се кае за стореното“, се вели во соопштението на сајтот на МНР Русија, пренесува „Взгљад“.
„Од објавеното е очигледно дека овој турски борец последниве две години војува во Сирија на страната на нелегална вооружена формација. Предизвикува чудење и збунетост што еден од водечките главни весници на Турција фактички му дала простор на убиец и терорист за фалење со злосторството што го извршил и за ширење на националистичка идеологија со потполна омраза кон Русија и рускиот народ“, изјави Захарова.
„Интересно е што досега нема пристигнато никакви коментари по повод интервјуто од властите на Турција. Бараме турското раководство да даде оценка за постапките и изјавите на својот граѓанин кој признал дека извршил меѓународно злосторство, какво што е убиството на пилот на воено-воздушните сили на странска држава. Дојде време да се одговори – која е позицијата на официјална Анкара по повод учеството на државјани на Турција на страна на екстремистички вооружени формации на територија на соседна држава. Или таа повеќе сака да замижува и пред тоа?“, се истакнува во изјавата.
„Бараме од турските власти неодложни мерки за апсење на Челик и неговите соборци и повикување на нивна кривична одговорноста за убиството на рускиот пилот, како и за учество во борбени дејствија на страната на незаконски вооружени формации на територија на странска држава“, се вели во изјавата на Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче