Турски министер: Кризата со Русија може да биде регулирана до март

„Ситуацијата постепено се нормализира“, изјави министерот за трговија и царина Булент Туфекчи.

Кризата во односите меѓу Турција и Русија, која настана по соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија од страна на турското воено воздухопловство, може да биде регулирана до март 2016 година. Вакво мислење искажа во интервјуто за весникот „Хабертурк“  турскиот министер за трговија и царина Булент Туфекчи, пренесува ТАСС.

„Ние правиме сѐ што зависи од нас и рускиот, и турскиот народ да не трпат штета. Претпоставуваме дека (кризата) нема долго да трае, во февруари-март тензиите ќе се намалат, ќе ослабат“, изјави министерот.

Според него, последниве денови е намален обемот на стока што се враќа од руската царина. „До денес од Русија се вратени само еден авион и 27 бродови“, соопшти тој.

„Ситуацијата постепено се нормализира“, додаде Туфекчи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња