Шоjгу: РФ ќе заврши со формирањето арктички сили до 2018 година

Покрај тоа, Министерството за одбрана на РФ привршува со изградбата на воена база на островот Котељни, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Формирањето на арктичката воена формација на РФ ќе заврши до 2018 година, соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, пренесува ТАСС.

„До 2018 година треба да завршиме во целост со формирањето и вооружувањето на целата арктичка група“, изјави Шојгу на прес-конференцијата во Руското географско друштво.

Тој исто така соопшти дека Министерството за одбрана на Русија привршува со изградбата на воена база на арктичкиот остров Котељни.

„Од никого не го криеме тоа – фактички завршивме со изградбата на базата на Новосибирските острови, на островот Котељни. Тоа е толку голема база каква што немало во советско време, тоа е современ капацитет, со сета неопходна опрема за тие краишта“, рече Шојгу.

Според неговите зборови, база од малку помал размер ќе има и на островот Врангел, како и на ‘ртот Шмит, на источното крајбрежје на Чукотка и ина Курилските острови.

Министерството за одбрана во 2016-2017 година ќе заврши со реконструкција и на шест аеродроми на Арктикот, рече генералот.

До 2018 година на Арктикот треба да бидат активни девет аеродроми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња