Шојгу: Ја рушиме финансиско-економската база на ИД

Прекината е секојдневна испорака на црниот пазар на 60 илјади тони нафта и на тој начин терористите губат по 1,5 милион долари на ден, соопшти министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу.

Основните напори на ВКС РФ во Сирија се насочени кон поткопување на финансиско-економската база на „Исламската држава“, изјави во петокот министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу.

„Основните напори се сосредоточени на поткопување на финансиско-економската база на ИДИЛ. Уништени се 15 објекти за чување и преработка на нафта и 525 цистерни“, му соопшти Шојгу на претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува телевизијата „Русија 1".

Според зборовите на Шојгу, прекината е испораката на црниот пазар на 60 илјади тони дневно и со тоа терористите губат по 1,5 милиони долари на ден. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња