Терористичките напади во Франција и врз рускиот авион А321 ги тераат Москва и Париз да ги обединат напорите во борбата со тероризмот, изјави претседателот на РФ Владимир Путин на средбата со францускиот колега Франсоа Оланд, пренесува ТАСС.
„Сето тоа нѐ тера да ги обединиме напорите во борбата со заедничкото зло“, изјави шефот на руската држава.
„Ние сме подготвени за таа соработка, господине претседател, и мило ни е што Ве гледаме“, му се обрати Путин на Оланд.
Претседателот на РФ го увери својот колега: „Ние тагуваме заедно со вас по повод загубите што ги претрпи Франција, тоа се тешки загуби“.
„Вие знаете дека и Русија претрпе сериозни загуби како резултат на одвратниот терористички чин врз нашиот патнички авион“, додаде Путин и рече дека РФ ги цени напорите на францускиот колега за создавање широка антитерористичка коалиција.
„Дотолку повеќе, ја сметаме (коалицијата) за апсолутно неопходна, во таа смисла нашите позиции се совпаѓаат“, потенцираше Путин.
Претседателот на Франција им се заблагодари на Русите за нивната реакција на терористичките напади во Париз и истакна дека и двете земји неодамна настрадаа од терористите.
„Ние знаеме дека тероризмот е наш заеднички непријател“, рече францускиот претседател додавајќи дека за борба е потребно создавање широка и силна коалиција.
„Токму затоа се наоѓам денеска со Вас, за да успееме заедно да најдеме решение, да одиме заедно по тој пат, да ги координираме нашите активности за да се бориме ефикасно против заедничкиот непријател и да наоѓаме политички решенија за решавање на ситуацијата во Сирија“, додаде францускиот лидер. Оланд истакна дека за земјите кои се борат со тероризмот „сега дојде моментот за да ја земат на себе одговорноста за она што се случува“ и да преземат координирани мерки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче