Рускиот амбасадор во Париз Александар Орлов изјави за радиото Europe 1 дека еден од пилотите на соборениот бомбардер Су-24 е на сигурно благодарение на единицата за брза реакција на сириската војска, пренесуваат руските медиуми.
„Во текот на катапултирањето едниот од пилотите е повреден, а потоа ѕверски убиен од рафалите на џихадистите од земја. Другиот пилот преживеа. Според последните информации, спасен е од единица на сириската армија. Сега најверојатно веќе е в руската база“, рече амбасадорот.
Претходно, на Фејсбук страницата на либанскиот ТВ-канал Al Mayadeen, беше објавено дека по шестчасовна потрага била воспоставен врска со пилотот. Сириска единица за брзи реакции во рок од два часа го евакуирала рускиот пилот од територијата што ја контролираат исламските милитанти. Пилотот сега се наоѓа во воздухопловната база „Хмејмим“, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче