Турција бара од Русија да ги запре „операциите против Туркмените”

Во односите меѓи Москва и Анкара се случи ново влошување поврзано со руската операција во Сирија: Турција бара да престане бомбардирањето на селата во близина на турската граница.

Неодамна се чинеше дека Турција може да ѝ се приклучи на руско-француската коалиција во Сирија, и покрај нејзините претходно блиски односи со ИД. Меѓутоа, турскиот премиер Ахмет Давутоглу на 20 ноември во Москва предизвика нов скандал, осудувајќи ја Русија за напад врз Туркмените на северот на Сирија, во близина на турскиот граничен премин Јалад, пишува „Взгљад”.

По тој повод Довутоглу му наложи на министерот за надворешни работи да му врачи нота на рускиот амбасадор. „Доколку руската авијација војува против ИД, тогаш воените акции мораат да бидат насочени против ИД. А ако на границата со Турција се применуваат касетни бомби против цивили и се вршат масовни убиства, по што ќе дојде до нов прилив на бегалци во Турција, ќе одговараат оние кои придонеле за тоа”, рече Давутоглу.

„Турците ги поддржуваа Туркмените, додека тие ја поддржуваат турската политика. Анкара ги штити нивните интереси кога ќе се случи некаков инцидент. Туркмените се политички инструмент на Анкара“, смета директорот на Центарот за проучување на Блискиот Исток и Централна Азија и поранешен пратеник во Думата Семјон Багдасаров.

Како што вели политикологот, туркменските племиња водат вооружена борба против владата на Асад. Турците ги праќаат ту против сириската војска, ту против Курдите.

„Причина за уште еден турски демарш е можеби фактот што руската авијација заедно со Французите и Американците почна да ги бомбардира цистерните со нафта на ИД, кои одеа првенствено во Турција. Можеби токму тој факт е причина за демарш од Анкара“, вели поранешниот амбасадор на РФ во Тунис и Либија и раководител на Центарот за партнерство на цивилизациите на МГИМО Венијамин Попов.

„Многу западни издание пишуваа и продолжуваат да пишуваат дека ИД активно тргува со нафта од наоѓалиштата кои тие ги контролираат. Тие добиваат до милијарда долари годишно само од продажба на црното злато. Нафтата на ИД оди првенствено во Турција. Претседателот на Русија на самитот на Г-20 особено нагласи дека е потребно да се запре нафтениот бизнис на терористите“, истакнува стручњакот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња