Државната дума денеска ќе го разгледува предлогот за обраќање до црногорското собрание, парламентите на земјите-членки на НАТО и Парламентарното собрание на ОБСЕ со апел да не ја зачленуваат Црна Гора во Северноатлантската алијанса.
„Пратениците на Државната дума се обраќаат до своите колеги-пратеници на Собранието, парламентарците на земјите-членки на НАТО и пратениците во Парламентарното собрание на ОБСЕ, со итен апел да се воздржат од проширување на НАТО кое, според соопштенијата на медиумите, се планира да биде реализирано по најавената во почетокот на декември 2015 година официјална покана за стапување на Црна Гора во Алијансата“, се вели во нацрт-документот.
Пратениците, уверени во почитувањето на сувереното право на секоја држава да ја обезбедува безбедноста на своите граѓани, истовремено има намера да укаже дека „блоковскиот пристап, вклучувањето нови држави, особено против волјата на нивните народи, во воени алијанси претставуваат политички инструмент од времето на „студената војна“.
„Стремежот на Мило Ѓукановиќ, кој владее со Црна Гора веќе 25 години, да стапи во НАТО, ѝ противречи на волјата на мнозинскиот дел на народот на оваа земја“, се потенцира во текстот на апелот.
Во документот се истакнува дека „црногорските власти на секој начин избегнуваат одржување референдум по прашањето за евроатлантската перспектива на земјата, плашејќи се да го слушна гласот на народот“. „Притоа значителни суми се вложуваат во фанатична пронатовска пропаганда и лажирање на резултатите од анкетите на јавното мислење“, сметаат парламентарците.
Во тој контекст Државната дума изразува надеж дека „при решавањето на прашањето за стапување во НАТО како во Подгорица, така и во Брисел, ќе надвладеат здравиот разум, стремежот кон широка соработка надвор од блоковите и линиите на поделба заради просперитет и безбедност на народите на просторот од Ванкувер до Владивосток“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче