Влезот во НАТО ја дестабилизира Црна Гора

Заменик-претседателот на Државната дума на Руската Федерација Сергеј Железњак.

Заменик-претседателот на Државната дума на Руската Федерација Сергеј Железњак.

Јуриј Машков / ТАСС
Денес во посета на Црна Гора пристигнува генералниот секретар на НАТО Јенс Столенберг заедно со амбасадорите на 28 земји-членки. Треба да се истакне дека поголемиот дел од жителите на Црна Гора го поддржува стапувањето на земјата во НАТО. На ова активно се спротивставуваат меѓународната мрежа на НВО „Не во војна – не во НАТО“, „Матица српска“, „Движење за неутралност на Црна Гора“, информацискиот портал IN4S, весникот „Дан“ и други. Во врска со настаните во Црна Гора заменик-претседателот на Државната дума на Руската Федерација Сергеј Железњак за нашиот сајт даде ексклузивна изјава.

Кога станува збор за протестите што непрекинато се одвиваат во Црна Гора од 27 септември, би сакал да ги истакнам следниве особености:

Прво, вистинската причина за ваквите граѓански акции е натрупаното незадоволство поради негативните последици од долгогодишната политика насочена на предавање на елементот на националниот суверенитет на Црна Гора на управување на надворешни сили. Поради тоа, зад фасадата која изгледа како обновување на државноста и процес кој се нарекува евроатлански интеграции создадено е мноштво внатрешни проблеми и конфликти.

Второ, за разлика од сценаријата на портокаловите револуции, во акциите во Подгорица не настапуваат странски нарачатели и спонзори. Црногорските протести имаат општонационален и општограѓански карактер, и пореди тоа барањата на учесниците на протестите заслужуваат внимание и почит.

И трето, не може да се каже дека сегашните протести се насочени против НАТО. Проблемот на негативните последици од влегувањето на Црна Гора во НАТО треба да се согледаат во смисла на катализатор на цел еден комплекс социјално-политички и економски спротивности во оваа земја.

Сметам дека за решавањето на кризата е неопходен национален дијалог кој би бил насочен на стабилизација и реализација на понатамошните легитимни политички реформи.

Во постоечката ситуација посетата на раководството на НАТО и пропагандистичката кампања околу можната покана во алијансата само додава масло на огнот од социјално-политички конфликт кој се разгорува во Црна Гора. Само со логиката на блоковската експанзија можат да се објаснат напорите што НАТО ги вложува во врбување на малите балкански држави, додека од друга страна ги игнорира нашите предлози за соработка во борбата против  вистинската опасност што ја претставува терористичката организација Исламска држава. Колку се тешки и трагични последиците од експериментите поврзани со создавање на протекторат од страна на НАТО е добро познато и во Црна Гора и во целата поранешна Југославија, на Блискиот Исток, вo Северна Азија, во Грузија и во Украина.

Поради тоа, не е случајно што во Црна Гора на членството во НАТО во последно време се спротивставува мнозинството на парламентарната опозиција, и Српската православна црква, и многубројни општествени организации и медиумите. Вакво нешто не би било можно доколку граѓаните на Црна Гора не би ги поддржувале овие напори. Дури ни на гласањето за Резолуцијата за поддршка на интеграцијата во НАТО усвоена на 17 септември не беше обезбедено двотретинско мнозинство, колку што е потребно на лобистите за НАТО за парламентарна процедура за фактичко влегување во Алијансата. Ова всушност претставува фијаско на политиката која со години е водена во правец на вовлекување на земјата во НАТО.

Ние внимателно го следиме развојот на ситуацијата во Црна Гора и ја делиме загриженоста на нејзините политичари, на духовните и на граѓанските лидери, а тие се однесуваат и на можното влошување на повеќевековните добри односи помеѓу Русија и Црна Гора. Блоковската зависност веќе нанесува директна штета на руско-црногорските односи, меѓу другото во вид на антируски санкции, и има негативен тренд во контекст на приближување на Црна Гора кон Алијансата.

Борбата против современите предизвици и опасности сведочи за неприфаќањето на продолжувањето со практиката на правото на донесување исклучителни одлуки во прашањата поврзани за архитектурата на безбедноста на мултиполарниот свет.

Кога станува збор за безбедноста и за територијалната целосност на малите земји како што е Црна Гора, станува актуелно барањето и формирањето на неблоковски решенија.

Колку што мене ми е познато, многу општестевенополитички сили во Црна Гора се заинтересирани за дискусија на оваа тема. Со оглед на историската блискост на народите на Русија и на Црна Гора, особена улога во развојот на дијалогот треба да има граѓанската дипломатија. Важен фактот е и поголемиот степен на присуство на вести од Црна Гора и од целиот балканско-црноморски регион во руските медиуми.

Сергеј Железњак е потпретседател на Државната Дума на Руската Федерација и заменик на генералниот секретар на партијата Единствена Русија.

Парламентот на Црна Гора на 17 септември усвои Резолуција за давање поддршка за интеграција во НАТО за која гласаа 50 од 79 пратеници. Против гласаа 26 пратеници (Демократскиот фронт, Демос, Социјалистичката народна партија и независните кандидати), а тројца беа воздржани. Еден од лидерите на Демократскиот Фронт, Милан Кнежевиќ, покрена иницијатива за формирање „Антинато сојуз“ како широка општественополитичка и граѓанска коалиција.
Во Подгорица на 27 септември пред зградата на парламентот започнаа протести кои ќе траат до исполнување на барањата. Иницијатор е Демократскиот фронт. Учесниците на протестот бараат оставка на премиерот Милан Ѓукановиќ, формирање преодна влада и одржување слободни демократски избори. На осмиот ден од протестите на граѓаните им се обрати митрополитот црногорски и приморски на Српската православна црква Амфилохие. Денес е осумнаесетти ден од непрекинатите протести, кои веќе станаа централна тема на општественополитичкиот и на медиумскиот живот на Црна Гора.
Андрија Мандиќ, еден од лидерите на Демократскиот фронт, на 12 октомври им напиша отворено писмо на амбасадорите на 28 членки на НАТО, во кое изјави дека вклучувањето на Црна Гора во НАТО, кое го спроведува „нелегитимната влада на Ѓукановиќ“ не може да се смета за легитимно и законско, зашто „апсолутното мнозинство граѓани на Црна Гора се против влегувањето во НАТО и дека оваа одлука не би била признаена“.
Во моментов црногорските активисти на меѓународното движење „Не во војна – не во НАТО“ ги повикаа сите луѓе кои не се рамнодушни да дојдат на протестот на денот на пристигнување на делегацијата на НАТО во Црна Гора.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња