Железњак: Да се почитуваат суверенитетот и независноста на Црна Гора

Денеска заменик-претседателот на Државната дума, заменик-секретар на Генералниот совет на „Единствена Русија“ Сергеј Железњак имаше средба со меѓународниот координатор на невладиното движење од Црна Гора „Не во војна – не во НАТО“ Игор Дамјановиќ.

Во текот на средбата со Дамјановиќ, Сергеј Железњак искажа солидарност со братскиот народ на Црна Гора кој се бори против обидите за насилно вклучување на земјата во НАТО. 

Железњак ги повика политичарите и парламентарците на земјите-членки на ЕУ и НАТО да покажат почит спрема суверенитетот и независната позиција на Црна Гора и предупреди дека е „очигледно дека за самата Црна Гора во сегашната ситуација веројатната покана за членство во Алијансата може да предизвика уште една рунда на граѓански и политички конфликт во земјата“, потенцираше Железњак.

Рускиот пратеник исто така се осврна и на можното решение за излез од кризата во Црна Гора.

„Во последно време од Подгорица пристигаат апели до Русија и до ЕУ да настапат како меѓународно посредници во решавањето на општествено-политичката криза што ја зафати земјата. За спречување на понатамошна ескалација на затегнатоста во Црна Гора, смета дека е време да се започне конструктивен политички дијалог со црногорските парламентарци, претставниците на граѓанскиот сектор на Црна Гора и со заинтересираните претставници на земјите-членки на ЕУ и НАТО. Притоа е крајно важно да се создадат услови во кои народот на Црна Гора самостојно, без било каков притисок однадвор да ја реши судбината на својата земја.

Треба да се помогне за консолидација на црногорското  општество, да им се помогне на општествено-политичките сили да ги надминат последиците од повеќегодишната политика на раскол и поделба за изградба на државата врз вистински демократски принципи, внимателно однесувајќи се спрема повеќевековните историски, културни и национални традиции на црногорскиот народ“, истакна рускиот парламентарец.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња