Русија потпиша договор со Иран за испорака на системи за противвоздушна одбрана С-300. Кога првиот дел од договорот ќе биде исполнет, Иран ќе ја повлече тужбата против Руската Федерација, изјави генералниот директор на државната корпорација „Ростех” Сергеј Чемезов на меѓународната авио-изложба „Dubai Airshow-2015”, пренесува РИА „Новости”.
„Се работи за системот С-300. Договорот е веќе потпишан”, рече Чемезов. Тој додаде дека Иран ќе ја повлече тужбата против Руската Федерација кога ќе биде реализиран првиот дел од договорот.
Русија и Иран во 2007 година потпишаа договор за испорака на системи С-300. По донесувањето на Резолуцијата 1929 на Советот за безбедност на ОН, со која се предвидуваше воведување санкции против Иран, реализацијата на договорот беше запрена. Како одговор Иран поднесе тужба против РФ до Меѓународниот арбитражен суд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче