Медиум: ЕУ планира да ги продолжи санкциите против РФ

Одлуката за продолжување на санкциите против Русија може да биде донесена на формалниот самит на ЕУ, планиран за 17-18 декември.

ЕУ во декември има намера да ги продолжи санкциите против Русија за уште половина година, соопштува германското издание  „Ханделсблат“ повикувајќи се на извори во раководството на ЕУ, пренесува РИА „Новости“.

Според информациите на изданието, оваа мерка наводно е потребна за забрзување на мировниот процес во Украина. Претставниците на ЕУ инсистираат дека Русија наводно не ги исполнува во потребната мера условите од „Минската спогодба“, без оглед на примирјето на истокот на Украина. Официјалната одлука за продолжување на санкциите, најверојатно, ќе биде донесена на самитот на ЕУ на 18 декември.  

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на 22 јуни ја продолжија важноста на санкциите против РФ до 31 јануари 2016 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња