Донецката (ДНР) и Луганската народна република (ЛНР) ги одложија локалните избори. Прашањето за изборите кои ДНР и ЛНР сакаа да ги одржат независно од оние во останатиот дел на Украина, беше камен на сопнување во однос на реализацијата на „Минската спогодба“. Киев тврдеше дека локалните избори во ДНР и ЛНР се најголемото нарушување на спогодбата кое ќе доведе до нејзин целосен неуспех.
Во Донецк и Луганск изјавија дека изборите се презакажуваат за 21 февруари 2016 година. Претставниците на ДНР и ЛНР соопштија дека одложувањето е поврзано со „целосното исполнување на политичките точки на „Минск 2“ од страна на Киев. Републиките очекуваат „добивање на посебен статус за Донбас, без прогон и казнување на лицата кои учествувале во настаните на територијата на ДНР и ЛНР, како и гласање на амандмани на уставот во нова, усогласена со нас редакција“.
Шефот на украинската дипломатија, настапувајќи на 7 октомври во Радата, го нарече чекорот на ДНР и ЛНР „валкана игра“, инсистирајќи на тоа дека во Париз е договорено целосно откажување на изборите, а не нивно презакажување. Тој исто така изјави дека „никаков посебен статус (за Донбас) во суштина нема“, изборите можат да бидат одржани единствено по „повлекувањето на странската војска“, а амнестија може да биде објавено исклучително по одржувањето на изборите.
Москва, од своја страна,ј а поздрави одлуката на самопрогласените републики. „Тоа е уште еден пример за флексибилен и конструктивен пристап во интерес на реализацијата на „Минската спогодба“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Експертот од независниот Институт за национална стратегија Павел Свјатенков ја нарече одлуката на ДНР и ЛНР „еднострана отстапка“ пред Киев. „Украина многупати вети исполнување на „Минската спогодба“ – да објави амнестија, донесе закон за локална самоуправа во Донецк и Луганск, да усвои амандмани на уставот и сли. – ништо од тоа засега не е исполнето“, изјави експертот, потенцирајќи притоа дека не гледа некакви предиспозиции за промена на позициите на Киев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче