Лавров: Изјавите на Кери не ја одразуваат реалноста

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека го загрижуваат изјавите на американскиот државен секретар Џон Кери дека коалицијата што ја предводат САД дејствува во Сирија во согласност со Повелбата на ОН.

Изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери за тоа дека коалицијата што ја предводат САД дејствува во согланост со Повелбата на ОН не е вистинита, потенцираше министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, пренесува „Взгљад“.

„И кај нас има загриженост. Денеска разговарав со Џон Кери за тоа дека, и покрај она што тој самиот го кажа во Советот за безбедност на ООН, каде тој ја оправдуваше работата на коалицијата не само во Ирак, каде беше поканета, но и во Сирија, каде никој не ги покани, дека таа ни од сириската влада, но во Советот за безбедност не праша за дозвола. И покрај сето тоа тој (во СБ ООН) изјави дека коалицијата работи во целосна согласност со Повелбата на ООН, особено со членот 51, кој предвидува право на колективна одбрана. Членот 51 се однесува исклучително на ситуација кога конкретна држава бара да биде заштитено“, ги цитира РИА „Новости“ изјавата на Лавров по одржаните разговори со државниот секретар на САД.

„Такво барање од страна на сириската влада немаше во однос на коалицијата. Во однос на Русија такво барање дојде“, додаде министерот.

Во текот на одржаните разговори во средата, Лавров исто така побара од Кери докази дека воздушните удари на руската авијација не биле врз позициите на „Исламската држава“ во Сирија.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња