Руските авиони почнаа со воздушни напади врз ИД во Сирија

Ударите се нанесуваат врз воената техника, комуникациските јазли, транспортот, складовите за оружје, муниција и гориво што им припаѓаат на терористите од „Исламската држава“.

Авионите на руското Воено воздухопловство почнаа со реализација на воздушната операција со нанесување на прецизни удари врз терористите од „Исламската држава“ во Сирија, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков.

„Во согласност со одлуката на Врховниот командант на Вооружените сили на РФ Владимир Путин, авионите на руските Воено-космички сили (ВКС) денеска пристапија кон спроведување на воздушна операција со нанесување прецизни удари по копнени цели на терористите од групата ИДИЛ на територијата на Сириската Арапска Република“, изјави Конашенков пред новинарите.

Конашенков исто така соопшти дека министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу ги информирал своите колеги од Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) дека во текот на воздушната операција во Сирија авионите на ВКС нанесуваат удари врз воената техника, комуникациските јазли, транспортот, складовите за оружје, муниција и гориво што им припаѓаат на терористите од „Исламската држава“, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња