Иран даде дозвола, Бугарија подготвена по проверка да дозволи летови на руските авиони за Сирија

Иран дозволи руски авиони со хуманитарна помош за Сирија да летаат над неговата територија, соопшти амбасадата на Руската Федерација во Иран.

Иран дозволи руски авиони со хуманитарна помош за Сирија да летаат над неговата територија, соопшти амбасадата на Руската Федерација во Иран.

Претходно бугарската влада соопшти дека е подготвена да ѝ го даде на располагање својот воздушен простор за летови за Сирија под услов да го провери составот на товарот што се испорачува, изјави во средата министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов.

„Ако се согласуваат руските колеги овие авиони да се проверуваат на бугарски аеродром, ќе дадеме дозвола за летовите“, ја пренесува изјавата на министерот Митов „Взгљад“.  

„Во согласност со одлуката на Советот на Европската унија во 2011 и 2012 година се воведени ограничувања за испорака на одреден вид роба и услуги за режимот на Башар Асад. Оваа одлука мораат да ја почитуваат сите членки на ЕУ. Кога постојат доволно информации кои укажуваат на тоа деа целите на летовите и реалната испорака не се во склад, се појавуваат сомнежи. Поради тоа ние не ги дозволивме овие летови“, изјави Митов.

Претходно Министерството за надворешни работи на оваа земја одби да ѝ обезбеди воздушен коридор на Русија за истите летови.

Министерството за надворешни работи на Грција претходно потврди дека добило од САД барање за затворање на воздушниот коридор за руската авијација која ѝ испорачува на Сирија хуманитарна помош.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња