Грциjа потврди дека САД барале да го затвори небото за Русија

Атина во понеделникот даде официјален коментар за барањето на Вашингтон да не пропушта руски авиони со хуманитарен товар за Сирија преку своја територија.

Грчкото Министерство за надворешни работи потврди дека САД упатиле барање да се затвори воздушниот простор на Грција за руските авиони со хуманитарна помош за Сирија.

Имаше барање од страна на САД во однос на летовите на авијацијата на Русија. Ова барање го добивме и сега го проучуваме“, изјави за РИА „Новости“ извор во МНР.

Тој потврди дека Русија барала дозвола за летови во зоната на одговорност на Грција (FIR Athens) за периодот од 1 до 24 септември.

Истовремено соговорникот на агенцијата не можеше да каже кога ќе биде даден одговор.

На прашањето дали имало случаи на повлекување на веќе дадени дозволи за летање, соговорникот на агенцијата изјави дека имало.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња