Бугарија официјално не ѝ дозволи на Русија воздушен коридор за летови до Сирија

Бугарија одби да ѝ даде на Русија воздушен коридор за авионите со хуманитарна помош за Сирија, официјално изјави МНР Бугарија.

Информацијата ја пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на „Ројтерс“.  

Претходно во вторникот за ова известуваа грчките медиуми. На пример, весникот „Катимерини“ пренесе дека Бугарија забранила летови во својот воздушен простор за руските авиони со хуманитарна помош за Сирија, поради што два руски авиона доставуваат помош преку Иран и прашањето за користење на грчкиот воздушен простор отпаѓа.

„Како резултат два руски авиона со хуманитарна помош за Сирија ќе летаат преку Иран, место да ја искористат рутата преку Балканот и Грција“, пишува изданието.  „Овој пат е избран поради тоа што Бугарија одговорила негативно на барањето на руските власти за користење на нејзиното небо за летовите. Тоа ѝ го олесни животот на Атина, која доби исто такво барање од Русија“.

Според мислењето на весникот, одбивањето на Бугарија ја трга од Грција одговорноста за разгледување на идентичното барање од страна на Русија, пренесува РИА „Новости“.

Пред тоа беше соопштено дека Русија избрала маршрута за испорака на помош за Сирија што ќе ја заобиколува Грција и дека грчкиот воздушен простор повеќе не е потребен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња